Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДУИ со предизвик, тој што ќе ги изгуби изборите да се повлече од политика – од ВРЕДИ им порачаа: Изберете нотар и да потпишеме
Македонија

ДУИ со предизвик, тој што ќе ги изгуби изборите да се повлече од политика – од ВРЕДИ им порачаа: Изберете нотар и да потпишеме

15/03/2024

AA

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска даде предлог сите јавно да потпишат договор дека губитниците на претстојните избори ќе ја напуштат политичката сцена.

Овој предизвик на ДУИ следува како одговор на новинарско прашање дали лидерот на ДУИ, Али Ахмети, би се повлекол од партиската функција доколку ДУИ биде поразена на следните избори.

Бектеши е уверен дека неговата партија ќе биде победник во албанскиот блок на парламентарните избори.

„Повикувам да направиме договор, ако сакаат и јавно да потпишеме договор меѓу сите политички парии – тој што ќе изгуби веќе да не се занимава со политика. Ние ја фрламе ракавицата, нека повелат сите политички партии вклучувајќи ja и ВМРО-ДПМНЕ и другите партии. Но, зошто ова не би се случило, затоа што овие т.н. лидери на политички партии – тоа не важи само за македонската опозиција туку и за другите лидери – сите изгубиле избори не еднаш туку повеќепати, само господинот Ахмети никогаш не изгубил и нема да изгуби избори“, изјави Бектеши.

Од коалицијата ВРЕДИ го прифаќаат предизвикот на министерот за економија Крешник Бектеши, кој денеска предложи губитникот од изборите да се повлече од политиката.

„На 24 април и 8 мај Албанскиот народ ќе се потпише на потврдата за политичка пензија на Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби и нивните соработници. Ваквите блеферски обиди на исплашеното раководство на ДУИ да го сокријат стравот од промените кои ќе се случат, не поминуваат никаде, бидејќи ништо повеќе не зависи од нив.

Меѓутоа, ВРЕДИ нема да дозволи ни најмал простор за сеење магла. Ги повикуваме Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби да изберат нотар и тајминг каде ќе се потпишеме на изјави дека кој изгуби нема право да се занимава никогаш повеќе со политика“, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy