Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДУИ: Се девалвира капиталот од Преспа – Владата стана закана одвнатре
Македонија

ДУИ: Се девалвира капиталот од Преспа – Владата стана закана одвнатре

17/06/2025

AA

Пред седум години, Преспанскиот договор го одбележа историскиот пресврт за Република Северна Македонија, велат од ДУИ во соопштение.

„Тоа беше чин на визија и државничка храброст, кој не само што го отвори патот за членство во НАТО, туку ја закотви земјата на вистинската страна на историјата,  во срцето на евроатлантската заедница.

Преспа ја претвори државата во регионален пример за решавање на сложени прашања преку дипломатија, и го постави Скопје како платформа за дијалог и стабилност на целиот Балкан.

Но денес, седум години подоцна, ја гледаме најтешката девалвација на тој капитал.

Владата, која треба да биде гарант на евростлантската ориентацијата на земјата, станува закана одвнатре.

Руски наративи се бранат од владини функционери, се гласа против Украина, Додик се дочекува како почесен гостин, а Охридскиот Мировен Договор речиси една година е предмет на систематска агресија.

Европската перспектива е замрзната, граѓаните се демотивирани и разочарани, илјадници ја напуштаат државата или бараат пат до Европа преку други пасоши, додека соседите чекорат напред во интеграциите.

ДУИ ги повикува сите политички и општествени фактори да не дозволат овие тешко стекнати достигнувања да бидат избришани.

Преспа и ОМД не беа само компромиси,  беа избор за иднината.

А денес, повторно мораме да избереме: ќе дозволиме ли оваа генерација да биде генерација на поништување, или ќе станеме глас за заштита на европската иднина?

Особено загрижува улогата на остатоците на ВРЕДИ, кои ги предадоа суштинските вредности што ги застапуваа Албанците со децении , вредности на европеизација, рамноправност и демократска зрелост. 

Наместо да бидат глас на напредокот, тие се претворија во алатка на манипулација, легитимизирајќи политики што директно ја уриваат проевропската ориентација на државата.

Вистинската природа на овие политички структури излезе на виделина:, тие се привремени играчи во служба на антиевропски агенди“, се вели во соопштението на ДУИ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе

11/02/2026
Македонија

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе

11/02/2026
Македонија

„НЕ САМО ШТО СЕ ПОВРЗАНИ СО ДРОГАТА, ТУКУ И ПРЕТЕРАНО

11/02/2026
Македонија

НЕ, ТОА БИ БИЛО РАДИКАЛНО Владата не размислува да забрани

11/02/2026
Македонија

Моја немам, ја користам колата од родителите рече Касами и

11/02/2026
Македонија

Касами утре одлучува за својата позиција во Владата

11/02/2026
Македонија

„Кучињата го влечеа детето 200 метри“: Вујкото на искасаното дете

11/02/2026
Македонија

НАВРЕДАТА КОН ЕДНА Е НАВРЕДА ВРЗ СИТЕ ЖЕНИ Пешевска жестоко

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41353
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе трае до крајот на седмицата

11/02/2026

Времето во четврток, 12 февруари, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на

11/02/2026

Македонија, заедно со остатокот од европските земји, кон крајот на наредниот месец преминува од зимско кон летно сметање на времето.

„НЕ САМО ШТО СЕ ПОВРЗАНИ СО ДРОГАТА, ТУКУ И ПРЕТЕРАНО ЈА КОНЗУМИРААТ“ Заев и Филипче

11/02/2026

Екс-лидерот на СДСМ Зоран Заев и актуелниот лидер на партијата Венко Филипче не само што се инволвирани во трговијата со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy