Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДУИ: Преку засилена антиалбанска политика, Мицкоски веќе една година води Влада на поделби, порази и национализам
Македонија

ДУИ: Преку засилена антиалбанска политика, Мицкоски веќе една година води Влада на поделби, порази и национализам

19/05/2025

AA

Во време кога граѓаните очекуваа резултати, стабилност и достојна европска перспектива, Владата на Мицкоски продолжува да јава на бранот национализам што го јавнаа за време на изборите, и веќе цела година нуди само пропаганда, поделби, понижување и неуспех, велат од ДУИ во соопштение.

„Со ова, безмалку веќе цела година, државата наместо да се движи напред, таа станува сѐ позаробена и сѐ повеќе внатрешно поделена.

Иако најавен како приоритет број еден, процесот на интеграција во ЕУ е целосно блокиран, без никаков план или било каква предвидлива перспектива за негово одблокирање.

Нашите граѓани немо гледаат како Албанија, Црна гора, но веќе и другите земји од истокот фаќаат чекор со новата европска реалност и чекорат сигурно напред кон полноправно членство во Унијата.

Во исто време, Мицкоски и неговиот  најблизок круг, наместо да честитаат на успехот на соседот, тие го засилуваат антиалбанскиот сентимент, навраќајќи се на некакви нивни лични предвидување дека „Албанија никогаш нема да стане дел од ЕУ“.

Наместо инвестиција во зајакнување на меѓуетничките односи, како клучниот столб на долгорочната стабилност на земјата, Мицковски и неговиот најблизок  круг ја засилуваат антиалбанската реторика, која преставува континуитет на нивната изборна мантра за „сместување на Албанците кај што им е местото“.

Овој опасен моноетнички проект во кој Мицкоски го вклучува и обвинителството, судството, олигархијата, дел од невладиниот сектор, длабоко ја дели и поларизира јавноста, процес кој ќе остави долгорочни последици во разнебитување на внатрешното ткиво на земјата.

Економскиот развој постои само во пропагандата на Власта, која ги извитопери сите статистички индекси само за да прикаже некакви позитивни бројки на хартија; во исто време граѓаните во реалноста секојдневно се справуваат со сѐ високи цени, ниски плати и масовно иселување на младите. 

Социјалната правда не само што е етнички заробена, туку е и маргинализирана и институциите не одговараат на основните потреби на граѓаните.

На Мицкоски му остана да ја одржува својата политичка позиција со лажен патриотизам, евтин национализам и застарена реторика инспирирана од времето на Милошевиќ.

Оваа Влада е подготвена да направи сѐ за да го прикрие очигледното: недостаток на визија, знаење и храброст да се решаваат реалните предизвици на државата.

Но, Албанците се обединуваат. Наспроти оваа антиевропска и антиалбанска влада се формира достоинствен, национален и граѓански фронт кој бара еднаквост, стабилност и иднина за сите.

Дури и најжестоките политички противници ги оставаат настрана разликите за да го бранат достоинството, националниот интерес и да им го обезбедат на граѓаните она што тие го бараат: пристојна почит и европска перспектива.

Остатоците од Влен во Владата сѐ уште се водат од привилегиите со кои Мицкоски ги држи фатени од власта. Тие ќе останат како последни фигури на една период во заминување, период кој Албанците ќе го паметат по на понижување на нивното достоинство и блокирање на нивните аспирации“, се вели во соопштението на ДУИ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy