
ДУИ прашува: Каков долг има Касами кон ВМРО-ДПМНЕ која ги наградува со најважните функции во општината?
Од ДУИ велат дека лицемерието на раководството на општина Тетово секојдневно се повеќе се разоткрива.
„Таков случај е именувањето на „Војводата“ на ВМРО-ДПМНЕ Бранислав Јакимовски за заменик директор на НПК.
Јакимовски во јавноста е познат како поддржувач на поставувањето на крстот на ридот на сонцето во Тетово, што се гледа и во неговите објави на социјалните мрежи.
Истиот е член и на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев. Овој институт е познат по своите екстремни националистички и антиалбански ставови.
Тоа што го кажавме претходно се потврдува. Крстот во Попова Шапка беше ставен во соработка меѓу коалициските партнери движење Беса и ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа соработка е толку длабока што претседателот Касами е принуден да ги отпушти своите сопартијци за да ги замени со „војводите“ на ВМРО.
Каков долг има Касами кон ВМРО-ДПМНЕ која ги наградува со најважните функции во општината?“, велат од ДУИ.