
ДУИ потврди: Али Ахмети ќе присуствува на лидерската средба повикана од Мицкоски
Од ДУИ потврдија дека претседателот на партијата, Али Ахмети, утре ќе присуствува на лидерската средба која ја свика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Сепак, од партијата не открија каков став ќе има Ахмети во однос на техничката влада. Пратеничката од ДУИ, Зендели, изјави дека останува до утре Ахмети да размисли и да соопшти кој ќе биде неговиот официјален став.
Таа додаде дека конечната одлука за евентуално укинување на техничката влада е исклучиво право на претседателот на државата.
