Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДУИ на партиска седница донесе одлука за итни предвремени парламентарни избори
Македонија

ДУИ на партиска седница донесе одлука за итни предвремени парламентарни избори

24/10/2025

AA

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска на седница на Централното претседателство едногласно донесе одлука да побара итно распишување на предвремени парламентарни избори.

„Главниот заклучок е јасен и единствен – време е веднаш да се оди на избори“, стои во соопштението на партијата.

ДУИ и коалициските партнери од Националната алијанса за интеграција (НАИ) сметаат дека по три последователни изборни циклуси – претседателски, парламентарни и локални – волјата на граѓаните е недвосмислено изразена и е во поддршка на нивната политичка платформа.

„Во период пократок од една и пол година, граѓаните трипати по ред ѝ ја доверија својата поддршка на Националната алијанса за интеграција, потврдувајќи го нејзиниот статус како неоспорен победник на национално ниво“, наведуваат од партијата.

Според официјалните податоци од последните локални избори, НАИ:

НАИ победи на изборите за совети во повеќе општини, меѓу кои Гостивар, Липково, Сарај, Струга, Студеничани, Бутел, Чашка, Куманово, Карпош, Шуто Оризари, Маврово и Ростуша и други, а во трката за градоначалници обезбеди пет победи – Гостивар, Липково, Врапчиште, Пласница и Чашка – со уште пет општини каде ќе се оди во втор круг.

ДУИ оценува дека ваквите резултати се „јасен сигнал од граѓаните“ и дека секој обид за игнорирање на таа волја е, како што велат, „неразумен и антидемократски“.

„Време е мандатот да им се врати на граѓаните. Народот нека одлучи кој ја има легитимноста да ја води државата и да го продолжи евроатлантскиот пат, еднаквото претставување и стабилноста“, стои во соопштението.

Партијата ја заокружува својата порака со порака до политичките противници:
„ВРЕДИ боледува од синдромот на Газиместан – зборува со патетика, но губи со факти. Ние зборуваме со бројки, резултати и легитимитет. Граѓаните зборуваа јасно – време е политиката да слуша. Ајде, веднаш да одиме на избори!“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy