Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДУИ бара да се истражи доделување на 16 милиони евра од општина Чаир на едно лице – Ганиу им врати: Криминалот и корупцијата се на друга адреса!
Македонија

ДУИ бара да се истражи доделување на 16 милиони евра од општина Чаир на едно лице – Ганиу им врати: Криминалот и корупцијата се на друга адреса!

12/10/2023

AA

Демократската унија за интеграција со загриженост ги следи медиумските известувања за флагрантна злоупотреба на јавните набавки во општина Чаир.

„Се известува дека од 2020 до 2023 година – општина Чаир издвоила 16 милиони евра за тендери за две фирми “Бауер БГ ДОО“ и “ЕнергоИнвест Трејд“, кои имаат ист сопственик, Гордана Димитрова.

Според информациите, општина Чаир со компанијата „Бауер БГ“ склучила 23 договори за јавни набавки во вредност од 4.113.165 евра, како и договор за плоштадот “Скендербег“ во вредност од 11.091.674 евра, што е вкупно 15.204.843 евра.

Ги повикуваме надлежните институции да ја испитаат евентуалната злоупотреба на буџетските средства и да постапат согласно законот“, велат од ДУИ.

Со реакција се јави и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу кој истакна дека криминалот и корупцијата се на друга адреса!

„Во врска со ДУИ и нивната загриженост за наводните злоупотреби на јавните набавки, сакам да порачам дека очекувано е да ги ставите на тапет сите оние кои мислат поинаку, но тоа нема да ви помогне да си ги сокриете сите коруптивни скандали и гревовите кои ги направивте на албанскиот народ.

Исто така, сакаме да ја информираме пошироката јавност дека апострофираната компанија Бауер БГ, од Владата на РСМ во актуелната 2023та година има добиено тендер во вредност од 6.5 милиони евра. Од Министерство за Образование и Наука истата компанија има добиено тендер во вредност од скоро 2 милиона евра, додека од Министерство за животна средина над 1 милион евра, од Агенцијата за храна и ветеринарство над 8 милиони евра, од Министерството за труд и социјална политика 2 милиони евра, севкупно околу 20 милиони евра.

Ние, како Општина Чаир најтранспарентно ги покануваме сите релевантни институции да го истражат овој случај, каде ќе се потврди дека и средствата во Општина Чаир се наменски доделени од Владата на РСМ, која како што може да се заклучи редовно склучувала договори со гореспоменатата компанија. Во овој дух, ние инсистираме истражувањето од компететните институции да продолжи и во сите други институции раководени од ДУИ, особено во Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците со која раководи Артан Груби како и Државна Лотарија на РСМ со која што раководи десната рака на Артан Груби.

Може да заклучиме, ова ниво на паника докажува само едно нешто, дека ДУИ ќе изгуби во наредните избори и сите луѓе вмешани во валканиот коцкарски бизнис и другите скандалозни зделки кои беа обелоденети од медиумите во минатиот период ќе одговараат пред органите на правосудството“, вели Ганиу.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy