
ДУБРОВНИЧКИОТ АЕРОДРОМ ГОДИНАВА ЌЕ БРОИ 2,4 МИЛИОНИ ПАТНИЦИ И 57 МИЛИОНИ ЕВРА ПРИХОД: Догодина очекуваат рекордна бројка
Аеродромот
Дубровник до крајот на годината треба да има сообраќај од 2,4 милиони патници,
приходот се проценува на 57 милиони евра, што е за околу 13 отсто повеќе од
лани, а се очекува добивка од околу 5,4 милиони евра, беше посочено денеска на
годишната прес-конференција.
Генералниот директор Виктор Шобер изјави дека трошоците ќе
изнесуваат 51 милион евра. „Тоа е за 19 отсто повеќе од минатата година. Имавме
корекции и инфлаторни мерки, заедно со помали инвестициски циклуси и тука е
разликата“, објасни тој.
Следната година
очекуваат 2,9 милиони патници
Според него, следната година се очекуваат 2,9 милиони
патници, со што би се надминала рекордната 2019 година. Најголем раст на бројот
на операции, од 17 отсто, се очекува кон Централна и Западна Европа, врз основа
на соработката со Рајанер.
„Тие ќе имаат база во Дубровник со два авиона и ќе одржуваат
18 линии, од кои три се во текот на целата година – Лондон, Даблин и Виена.
Преговараме за дополнителни зимски линии со други компании, а ќе ја продолжиме
соработката со Croatia Airlines, Turkish и EasyJet за Франкфурт, Истанбул и
Лондон“, рече Шобер.
Најавени линии за
Лисабон и Ријад
Комерцијалниот директор на аеродромот во Дубровник, Иван
Маслаќ, најави уште две нови линии, за Лисабон (EasyJet) и Ријад (Flynas).
„Саудиска Арабија претрпува голема експанзија. Таа е
долгорочен „центар“ за нас, не само за саудиските туристи, туку и како врска со
Австралија и Нов Зеланд. Очекуваме соработка со некои други саудиски компании.
И се отвора Лисабон, вратата
за Јужна Америка, од каде очекуваме интересна бројка на туристи“, објасни
Маслаќ.
фото: Unsplash
