
ДУЊА Е ПРОНАЈДЕНА, ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ ОД ПОТРАГАТА: Девојчето се барало цела ноќ, ја пронајде куче трагач
Двегодишното девојче Дуња Марковиќ, кое исчезна вчера околу 14 часот на Уб, било пронајдено од куче трагач, изјави денеска спасителот на планинската служба Алекса Глушчевиќ.
Глушчевиќ нагласи дека девојчето е пронајдено по потрагата која траела цела ноќ, истакнувајќи дека се чувствува добро.
„По цела ноќ пребарување, цела ноќ го баравме теренот, а утрото, кога ја завршувавме таа последна зона, нашето куче трагач го најде девојчето и го означи. Девојчето е добро и сега им оставаме на лекарите да ја утврдат нејзината состојба. Таа беше пронајдена на околу километар од тука”, изјави Глушчевиќ.
Дуња Марковиќ (2) исчезна вчера во Уб.
