
ДСЗИ влегува во Клиничката болница Битола, ќе врши вонреден инспекциски надзор
Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, во врска со случајот на починато 24-годишно момче во Клиничка болница Битола, иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во установата.
По утврдување на фактичката состојба и изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана.
