Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДСЗИ: Нема констатирани пропусти за случајот со починатото дете од Кавадарци
Македонија

ДСЗИ: Нема констатирани пропусти за случајот со починатото дете од Кавадарци

06/06/2025

AA

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) не утврдил неправилности кои се во негова надлежност при надзорите во врска со смртта на тригодишното дете од Кавадарци. Како што информираат од Инспекторатот за МИА, инспекцискиот надзор е спроведен по добиената информација за трагичниот случај.

– Имајќи предвид дека ДСЗИ нема надлежност врз стручниот дел од работата на здравствените работници, согласно член 296 од Законот за здравствена заштита, ќе поднесеме иницијатива до министерот за здравство за формирање комисија за стручен надзор – велат од Инспекторатот.

Вонредни надзори биле спроведени на 5 јуни во три здравствени установи: ПЗУ Ординација по општа медицина „Целзус Нова“ – Кавадарци, ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци и ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје. Целта била да се следи текот на лекувањето на детето.

Од увидот во медицинската документација и изјавите на здравствените работници кои биле вклучени во случајот, утврдени се следните факти: станува збор за дете родено во јануари 2021 година, со повеќе коморбидитети, кое и претходно било лекувано во болницата во Кавадарци и на Клиниката за детски болести во Скопје.

На 3 јуни, во пет часот изутрина, родителите го донеле детето во кавадаречката болница, каде дежурен педијатар проценил дека нема индикации за хоспитализација. Сепак, на инсистирање на родителите, бил издаден упат за Скопје. Детето било транспортирано со сопствен превоз.

– Според изјавите на здравствените работници на Клиниката, детето пристигнало околу осум часот наутро директно на Одделот за кардиологија, без знаци на живот. Било префрлено на Одделот за интензивна нега и реанимација, каде било констатирано дека не покажува знаци на живот – наведуваат од ДСЗИ.

Дополнително, директорот на болницата во Кавадарци формирал трочлена комисија од доктори за утврдување на евентуална материјална одговорност кај медицинскиот персонал. Извештајот од комисијата е во изработка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy