Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДСЗИ ќе изврши увид на Кардиохирургија по смртта на пациентот за кого немало слободна сала за операција
Македонија

ДСЗИ ќе изврши увид на Кардиохирургија по смртта на пациентот за кого немало слободна сала за операција

14/04/2025

AA

Во текот на денов Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе изврши увид на Кардиохирургија во Скопје, по смртта на пациент за кој негови блиски кажале дека од Клиниката рекле дека во моментот немаат услови да го оперираат и дека немаат слободна сала за операција.

Информацијата ја потврди министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција. Тој рече дека пациентот бил примен на оваа клиника и преземени биле сите неопходни мерки.

– Дисекција на аорта – тоа е сериозна дијагноза, барем колегите коишто се по здравство – доктори или здравствени работници, знаат, одговори министерот.

Тој рече дека пациентот бил примен на клиника, преземени биле сите мерки, „бидејќи имал хипертензија, за да се стабилзира, па потоа да се оперира“.

– Во меѓувреме, пациентот починал, за жал. Јас не знам зошто семејството инсистирало да не се направи обдукција. Нашите колеги инсистирале обдукција по секоја цена да се направи за да се констатира. Меѓутоа, како и да е, денеска ДСЗИ е таму и веднаш и нашата стручна комисија од Министерството за здравство, откако го добиеме од ДСЗИ, ќе излеземе да констатираме точно што се случило. Меѓутоа, не е точно дека пациентот не е примен. Примен е. Јас ви кажувам дека едната сала се реновира на Кардиохирургија, другата сала – функционира. Немало дека имало друг случај, дека овој требало да чека. Требало притисокот да се стабилизира за да може да се оперира, додаде министерот.

Таравари рече и дека немало ден кога не бил низ клиниките и болниците. Изрази надеж дека наскоро ќе биде промовирана и реновираната Урологија. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy