
ДС нема да ја поддржи реконструкцијата на Владата, но ќе поддржува реформи поврзани со евроинтеграциските процеси
Претседателот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов денеска на прес конференција истакна дека партијата одличила да не ја поддржи реконструкцијата на Владата.
Тој вели и дека нема да бидат дел од парламентарното мнозинство.
„Демократскиот сојуз и понатаму ќе иницира и поддржува реформи поврзани со евроинтеграциските процеси, со започнатиот скрининг процес, како и со законите кои се во интерес на граѓаните и на државата.
Инаку, Демократскиот сојуз е против најавите за наводен фронт, сојуз за Европа и поделба на граѓаните и партиите кои се „за“ а кои се „против“ ЕУ, поради тоа што и Демократскиот сојуз, но и сите партии и граѓани се за Македонија што побрзо да стане полноправна членка на ЕУ“, вели Трајанов.