Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДС ги осудува изјавите за „Заедница на албански општина“: Со национализам да не се покрива криминалот
Македонија

ДС ги осудува изјавите за „Заедница на албански општина“: Со национализам да не се покрива криминалот

26/02/2023

AA

Демократскиот сојуз најостро ги осудува изјавите на водствата на Алијанса, Алтернатива и ДУИ, за дестабилизација на Македонија, формирање на заедница на општини со доминантно албанско население, децентрализација (читај федерализација) итн. по примерот на Заедницата на општини на Србите во Косово.

„Оваа националистичка реторика претставува сериозна закана за меѓуетничките односи, прикривање на криминалот и директно ги загрозува евроинтеграциските перспективи на Македонија.

Дестабилизацијата на Македонија ќе значи и дестабилизација на Балканот што е главна стратегија и цел на Русија, како и на националистите во Бугарија.

Компарацијата со Косово е апсолутно неточна и нема никакви сличности.

Во 1999 година НАТО интервенцијата беше двонасочна, да се сруши режимот на Милошевиќ и на Косово да се формира нова држава, во рамките на автономната покраина Косово и Метохија, која беше дел од Србија.

Македонија беше главен логистички центар на НАТО, но тоа не им сметаше на УЧК, во 2001 година да отворат војна во Македонија со територијални барања, а покасно, под притисок на САД, да ги трансформираат во барања за човекови права.

Тој конфликт ја врати Македонија дваесет години назад и затоа закаснивме и со членство во НАТО и ЕУ.

Демократскиот сојуз апелира на трезвеност и одговорност, почитување на различностите и јакнење на демократските институции, борба против корупцијата, како и внатрешна кохезија и стабилност.

Македонија е унитарна држава во која сите етнички заедници ги уживаат сите права и слободи и така ќе остане“, велат од партијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy