Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Држи ли кичма „Космодиск“? Како работеше најголемата компанија за интернет продажба во Македонија?
Економија

Држи ли кичма „Космодиск“? Како работеше најголемата компанија за интернет продажба во Македонија?

10/07/2023

AA

Ултра популарниот бренд „Космодиск“ пионер во продажбата на „Студио Модерна“ очигледно дека веќе не може да ја „држи цврсто исправена“ продажбата на најголемата македонска компанија за интернет продажба. „Студио Модерна“ лани заврши со загуба од 1,6 милиони евра и тоа е втора година по ред како таа голема компанија работи со загуба на нашиот пазар. Што се однесува до приходите тука работите стојат можеби и полошо. Тие лани се „стопиле“ за речиси 30 отсто во однос на 2021 година…

„Студио Модерна“ е најстарата, најголема и убедливо најпозната компанија за онлајн, интернет и телевизиска продажба во Македонија. На нашиот пазар работи подолго од две децении и нејзиниот успех и влијание се неминовни. Оваа фирма, основана во Словенија пред триесетина година е пионер на ТВ продажбата, а потоа и на он-лајн продажбата во Македонија.

За македонските купувачи на пиедестал повеќе од една декада се брендовите од програмите „Дормео“, „Делимано“, „Ровус“, „Валк Макс“ и други кои на нашиот пазар ги пробиваше „Студио Модерна“ преку историскиот „Топ Шоп“ и неговиот „претеча“ незаборавниот „Космодиск“ кој е на пазарот од далечната 1992 година.

Македонската компанија „Студио Модерна“ минатата година ја заврши со загуба од 1,57 милиони евра на приходи од 8,3 милиони евра. Компанијата во Македонија работи со загуба втора година по ред, а лани нејзината загуба е 3,5 пати поголема од загубата во 2021 година.

Навистина тежок период за најголемиот онлајн продавач во Македонија. Македонското „Студио Модерна“ е голема компанија на нашиот пазар која вработува повеќе од 200 лица.

Црните облаци над регионалниот мега-бренд „Студио Модерна“

Македонија не е исклучок од регионалната приказна на оваа голема и успешна компанија. Неодамна беше објавено дека словенечката компанија има проблем и доцни со исплатата на своите вработени. Нејзиниот соптвеник – словенечкиот милионер Санди Чешко потврдил дека словенечката фирма има проблеми со ликвидноста. 

Инаку Чешко е еден од најбогатите Словенци, а вредноста на неговиот имот е проценета на повеќе од 200 милиони евра. 

Повеќе детали има на овој линк https://faktor.mk/krah-na-osnovachot-na-dormeo—kako-najbogatiot-slovenec-so-imot-od-200-milioni-evra-dojde-bukvalno-na-rabot

Р.Ф.

Фото: Принтскрин Јутјуб

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
Македонија

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата

25/09/2026
Македонија

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата

25/09/2026
Македонија

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и

25/09/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45803
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ ДВАЈЦА Полицијата во Свети Николе

25/09/2026

Расправија за паркинг во Свети Николе завршила со автомобил насочен кон двајца мажи и метална порта урната врз нив. Полицијата

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата го бара возачот, незгодата не

25/09/2026

Празен автобус околу 13:30 часот излетал од патот во близина на тетовското село Стенче, но кога полицијата дознала за незгодата,

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата во новото крило ќе надмине

25/09/2026

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид до Нова година треба да го стави во употреба новото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy