
ДРЖАВНИТЕ ЕЛЕКТРАНИ „ЗАГЛАВИЈА“ ВО ЗАГУБА ОД ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ВО ТРЕТИОТ КВАРТАЛ, М-НАВ ИМАЛ ПРОФИТ ОД 3,7 МИЛИОНИ – еве како работеле другите државни фирми
Државниот производител
на струја, АД Електрани на Северна Македонија, во третиот квартал од минатата
година влегол во прилично голема загуба од 6,2 милиони евра.
Ова го покажуваат
најновите податоци кои ги објави Министерството за финансии, а кои се
однесуваат за третиот квартал од 2023 година, односно за периодот јули, август
и септември.
Тоа се последни бројки
кои се однесуваат на успешноста на работењето на државниот сектор, односно на
акционерските друштва во државна сопственост, како и на јавните претпријатија,
а кои за секој квартал ги објавува Министерството за финансии.
Како се случило во тој
топол летен период АД ЕСМ да влезе во толку голем минус во работењето не е
познато.
Она што е факт е дека во
првите два квартала од годинава оваа државна компанија за пчроизвбодство на
електгрична енергија работела позитивно, односно имала добивки во работењето,
иако тие биле далеку пониски од загубата која го означува третиот квартал.
Односно, во првото
тримесечје добивката изнесувала 847 илјади евра, додека, пак, во вториот
квартал оваа државна компанија прокнижила позитива од 733 илјади евра. Но, тој
заеднички позитивен резултат од околу 1,6 милиони евра за целото прво полугодие
е сосема мнедоволем за да се покрие загубата остварена само во третиот квартал
од дури 6,2 милиони евра.
Или, за првите три
квартали вкупно државната ЕСМ е во загуба од дури 4,6 милиони евра, што значи
дека ако не се случило некое чудо во четвртиот квартал на страната на приходите
или расходите, односно ако во тој квартал (за кој сеуште нема податоци) не се
регистрира добивка и тоа повисока од 4,6 милиони евра, АД ЕСМ ќе ја заврши
минатата година во зоната на негативата, и ќе може да биде прогласен за еден од
државните загубари во земјава.
Ако се гледаат
податоците за третиот квартал што ги објавува Министерството за финансии, може
да се види дека со минус од 6,2 милиони евра всушност АД ЕСМ е најголемиот
загубар за третото тримесечје од категоријата на државни АД и јавни
претпријатија.
Втор по големина загубар
е ЈП Железници Инфраструктура, со загуба од 3,1 милиони евра само во третиот
квартал, односно јули, август и септември. Ова јавно претпријатие, пак, е по се
изгледа, хроничен загубар, бидејќи имало негативен финансиски резултат и во
вториот квартал, од 2,1 милиони евра и 2,6 милиони во првиот квартал од
минатата година. Што значи, за првите девет месеци лани ЈП Железници
инфраструктура има огромна негатива од 7,8 милиони евра, нешто што е прашање
дали и од кои извори би можело да се покрие.
Трет најголем загубар за
третиот квартал е АД Железници Транспорт, со минус од 2,76 милиони евра. Сепак,
ако се гледа во текот на цела мината година, ова државно АД во вториот квартал
имало позитива, односно добивка од два милиони евра, но, во првиот квартал исто
биле во загуба, и тоа од 2,3 милиони евра.
Висока загуба направиле
и ТЕЦ Неготино, односно во третиот квартал тие влегле во минус од 2,1 милиони
евра. Ова е најголемата квартална загуба за ова државно акционерско друштво,
откако во втор квартал имале многу помала загуба од околу 250 илјади евра, а во
првиот квартал имале дури и добивка од 31 илјади евра.
Еден од државните
загубари во третиот квартал бил и АД МЕПСО, државниот преносен оператор, со
минус од 1,5 милиони евра. Кај нив оваа загуба не може да се смета за
„страшна“, бидејќи во вториот квартал имал е одлуична добивка од 7,3 милиони
евра, а во првиот квартал исто така работеле позитивно, но нивниот плус
изнесувал 100 илјади евра.
А, кои се фирмите што
работеле позитивно во третиот квартал?
Буквално најголем
државен „профитаџија“ е Јавното претпријатие за државни патишта, кои во сите
три квартали работи со фантастични добивки, па онаа во третиот квартал дури е и
пониска од претходните две тримесечја. Па така, добивката на ЈПДП во третиот
квартал била 16 милиони евра, откако во вториот изнесувала 25 милиони евра,
додека, пак, во првиот квартал нивната позитива тежела 21,4 милиони евра. Или,
ова јавно претпријатие има вкупен профит од 62,4 милиони евра во првите девет
месеци од годинава.
Како што е познато, ЈПДП
наплатува средства од патарините, од дел од акцизите од горивата, од
регистрацијата на возилата, а преку нив оди и префрлањето на државните средства
на Бехтел и Енка.
Одлична добивка има и
Државна лотарија, и тоа 4,2 милиони евра во третиот квартал, откако во вториот
квартал имале 4,3 милиони евра профит, а само во првиот квартал имале сосема
мала загуба од 124 илјади евра.
И, државното акционерско
друштво кое деновиве со бројните инциденти околу вработувањата беше во центарот
на вниманието, а чии директори вчера беа разрешени, годинава, а особено во
третиот квартал, работело со одлична добивка. Имено, М-НАВ имали одличен профит
од 3,7 милиони евра впо периодо јули заклучно со септември, откако во вториот
квартал имало исто така одлична добивка од 1,6 милиони евра, а само во првиот
квартал било во негатива од 372 милиони евра.
Н.Н.Ф.

