
Државниот врв со честитка за Новата 2026 година: Стабилност, реформи и преобразба на Македонија
Преку празнични обраќања до граѓаните, претседателката на државата, премиерот и претседателот на Собранието ги сумираа резултатите од 2025 година и ги најавија плановите за годината што доаѓа. Клучните зборови во сите честитки се одговорност, заедништво и економска преобразба.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање потсети на драматичните промени на меѓународната сцена во 2025 година, но и на започнатите суштински процеси дома.
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека 2025 била година на „застанување на нозе“ и консолидација на институциите, додека 2026 година ќе ги донесе конкретните и мерливи резултати.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја истакна работата на законодавниот дом, посочувајќи го напредокот во транспарентноста и дигитализацијата. Тој нагласи дека институцијата станала подоверлива и подостапна за идеите на граѓаните.
Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ упатија порака за заедништво, посочувајќи дека патот напред бара заштита на националните интереси и економски развој. Тие порачаа дека секојдневно се работи за подобар животен стандард на секое семејство, со верба дека Македонија мора да биде подобро место за живеење.
