
ДРЖАВНИ СУПЕРМАРКЕТИ КОИ ЌЕ РАБОТАТ СО ФИКСНА МАРЖА ОД 10 ПРОЦЕНТИ: Д-р Беќаровски со интересен предлог за отворање Народни Магазини
Високите цени на храната која се продава во големите супермаркети, ги принуди граѓаните да размислуваат во насока на справување со истите и изнаоѓаат решенија и нудат идеи за намалување на цените. Во таа насока размислува и д-р Нико Беќаровски кој даде предлог да се отворат државни супермаркети.
„Зошто да нѐ отвориме државни супермаркети “НаМа” (Народен Магазин) кои ќе работат со фиксна маржа од 10% на сите производи, во сите општини низ Македонија ??
Газдите на приватните маркети сами нека одлучат со колкава маржа ќе се “заситат”
Ем профитот од преку 35 милиони евра ќе остане во државниот буџет, ем цените ќе станат европски“, вели Беќаровски.

