Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Државна лотарија“ под водство на Перпарим Бајрами трошела по милиони евра за закуп на простор и услуги
Економија

„Државна лотарија“ под водство на Перпарим Бајрами трошела по милиони евра за закуп на простор и услуги

22/01/2025

AA

АД Државна лотарија под водство на Перпарим Бајрами, поранешниот директор кој е недостапен за органите на прогонот, трошоците за услуги и за работење за една година ги има зголемено од 6 на 11 милиони евра.

Ова за прв пат може да се види откако акционерското друштво пред неколку дена го објави ревизорскиот извештај за своето работење од пред една година на платформата на „Македонска берза“. Таму пишува дека трошоците за работењето, односно за продажба, се зголемени од 361 милиони на 670 милиони денари до крајот на 2023.

Трошоците за закупнини се зголемени од 14 милиони на безмалку 54 милиони денари, односно 900.000 евра. Услугите за одржување пораснале од 11,3 на 31,1милиони денари. За реклами и промоции биле издвоени 130 милиони, а една година претходно тој трошок изнесувал 47,5 милиони денари. „Провизии за продажба“ како услуга е прикажана во висина од 105 милиони денари, а претходно за тоа биле платени околу 67 милиони. За транспортни и комунални услуги биле потрошени 700.000 евра, а една година пред тоа тоа било двојно помалку. 

Спонзорствата и донациите биле речиси двојно зголемени од 25,6 на 48,2 милиони денари.  Ставката „платени посебни давачки и надомести“ изнесува 935.000 евра, а претходно за ова не биле платени ниту цели 300.000 евра. За „професионални услуги“ исплатен е речиси еден милион евра, а една година претходно само 350.000 евра.

Владата лани во септември објави дека е раскинат договорот за закуп на објектот во Визбегово како деловно-административен центар на Државната Лотарија. Спорниот договор бил постигнат токму во 2023.

„Овој договор кој е склучен за време на минатата влада предизвика силни контроверзни и нереални високи суми при што се споменуваа и одредени лукративни интереси. Договорот е во износ од 2.26 милиони евра во период од неколку години“, стоеше во соопштението од седницата на Владата.

На крајот на минатата година беше отворен случај по вонредниот попис на телевизори набавени преку тендери за потребите на Државна лотарија. Како што беше тогаш медиумски објавено, пребројувањето на набавените уреди било направено по барање на Финансиската полиција.

Државната лотарија требаше да ја достави листата со наоди до Управата за финансиска полиција за тоа што покажало пребројувањето на набавките. Беше објавено дека се испитуваат и тендерите за маркетинг и промоција на Државната лотарија како предмет на истрага на Обвинителството. Истражителите чешлале и други одлуки и договори кои ги спроведувал претходниот директор Перпарим Бајрами. Документацијата која се барала е за спроведени огласи, тендери, склучени договори и секаква друга пропратна документација за јавни набавки.

АД „Државна лотарија“ за 2023 оствари добивка од 8 милиони евра,најмногу благодарение на приходот од 10 милиони евра кој го доби како 51-отстотен сопственик на Државна Видео Лотарија каде како свој удел го има пренесено правото на организирање видео
игри на среќа и ексклузивно право на организирање интернет игри на среќа.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy