Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Државна лотарија отвори фирми и со српски „Моцарт“ и црногорскиот „Везув“
Економија

Државна лотарија отвори фирми и со српски „Моцарт“ и црногорскиот „Везув“

26/01/2024

AA

Државна лотарија на Македонија формираше уште две заеднички компании за игри на среќа на пазарот на обложување. Првата е со српски „Моцарт“, најголемата компанија за игри на среќа во регионот, а втората со „Везув“ која со бремдот „Волкано Бет“ е најголемото друштво во оваа дејност во Црна Гора.

Пред неколку дена формирана е „Државна лотарија – Моззарт Доо Скопје“ во која основачи се АД Државна лотарија на РСМ и Моцарт Белград, а истовремено формирана е и „Државна лотарија – Везув Доо Скопје“, каде што сопственици се акционерското друштво во државна сопственост и Везув МК. Двете компании имаат основна главнина од 3 милиони евра.

Државна лотарија и 77 Битс БСЦ, чиј дел неодамна е превземен од најголемата бугарската компанија за онлајн обложување „Телематик“, овој месец претходно ја регистрираа првата јавно-приватна компанија за приредување на интернет игри на среќа. Компанијата за онлајн обложување ќе го носи името „Државна лотарија – 77 Битс Битола“, а регистрирана е на 9 јануари. Вкупната основна главнина и овдека е нешто повеќе од 3 милиони евра.

Со овие три компании најверојатно се заокружува фамозниот повик на АД Државна лотарија за формирање партнерства за организирање на пазарот за онлајн обложување во Македонија.

Единствено претходно што беше познато во јавноста како информација за оваа активност на државата, доаѓаше од Асоцијацијата на обложувалници, од каде сметаа дека ова право на приредување на онлајн обложување треба да им се даде и на нив „а не да се монополизира исклучиво за три странски компании“. Од она што беше познато, повикот на АД „Државна лотарија“ требало да заврши на 22 септември, а до крајот на октомври да биде отворањето на понудите, по што требаше да се изберат трите субјекти кои ќе го приредуваат ова интернет играње, за кое домашните обложувалници и натаму не им е јасно зошто не можат да го приредуваат и сметаат дека условите се однапред договорени со оние што ќе аплицираат.

Душан Симовиќ од Србија е именуван за управител на „Државна лотарија – Моззарт Доо Скопје“ . Во Надзорниот одбор од страната на српскиот партнер се уште Владимир Станоевиќ и Слободан Веселиновиќ. Актуелниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, е исто така член заедно со Суљејмани Рилинд и Владо Петковски.

Тихомир Фиданоски е назначен за раководител на „Државна лотарија – Везув Доо Скопје“, а во Надзорниот одбор членуваат Ваљмир Зекири, Надица Антоновска и Дашмир Хоџа од Македонија, како и Олег Секуловиќ и Жељко Митровиќ од Црна Гора.

Кај „Државна лотарија – 77 Битс Битола“ од претходно е познато дека за управител е назначена Марина Милошевска, а членови на Надзорниот одбор се Пеце Коруновски, претседателот Пеце Трајковски, директорот Бајрами, а понатаму уште и Мајљинда Рамадани и Нафитула Елмазовски.

АД Државна лотарија пред девет месеци регистрираше уште една компанија, во која овој пат косопственик е австрискиот гигант за приредување игри на среќа ХТЛ. „ХТЛ Македонија“ е фирма-ќерка на Новоматик и ги поседува Мастербет и МА Гаминг во земјата. Новоматик директно го поседува гевгелиското казино коцкарница Макотен. Новата фирма на АД Државна лотарија и „ХТЛ Македонија“ се вика Нова државна видео лотарија – Ново ВЛТ Доо Скопје. Државна лотарија веќе одамна има заедничка компанија со Касинос Аустрија.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy