Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДРЖАВИТЕ ДА ПРАВАТ РЕЗЕРВИ ЗА КРИЗНИ ПЕРИОДИ – што научивме од последователните кризи, каде да се насочат „силите“ во иднина
Економија

ДРЖАВИТЕ ДА ПРАВАТ РЕЗЕРВИ ЗА КРИЗНИ ПЕРИОДИ – што научивме од последователните кризи, каде да се насочат „силите“ во иднина

07/05/2024

AA

Државите треба да
создаваат резерви во текот на „нормалните“ денови, за да има можности за
реакции во кризни времиња. Ова е генералниот заклучок од истражувањето кое го
спроведе Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“.

Аналитичарите на
ова здружение ги испитуваа можностите за реакции на земјите од Западен Балкан.
Притоа во нивната анализа насловена „ФИСКАЛНИОТ ПРОСТОР ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН -Доказ
од неодамнешната повеќеслојна криза “ укажуваат дека наодите имплицираат дека
земјите од Западен Балкан има фискален простор пред Глобалната финансиска криза
од 2008 година и особено пред пандемијата

– 
Треба
да се градат фискални бафери за време на некризни времиња, бидејќи тие поважно
го одредуваат просторот за маневрирање за владата кога напаѓа криза. Ова е
особено важно кога земјите работат на пониски нивоа на фискален простор, на пр.
поради претходните владини потези или кризи кога таквиот фискален простор е
значително искористен. Ова е случај за сите земји од Западен Балкан за време на
пандемската криза од 2020 година, кои во просек го зголемија својот јавен долг.
Ова ги остави овие земји со врзани раце за следнот шок, цените на енергијата и
храната, кои потекнуваат од инвазијата на Русија над Украина во февруари 2022.
Тоа имплицираше дека фискалните стимулации за време и последователно на
тековната криза на енергетиката и цената на храната беа ограничени – укажуваат
аналитичарите, во нивната анализа.

Притоа во
анализата се истакнува дека силен начин за подобро управување фискалните
политики во овој поглед е воспоставување на фискални правила – релевантни за
јавноста за долгот и буџетски дефицит – што значително ќе помогне во
обновувањето на фискалниот простор што е можно поскоро.

– 
Позитивен
белег е тоа што повеќето земји воведоа фискални механизми како што се
среднорочно фискално планирање и фискални совети. Дополнително, резултатите
предупредуваат на премногу дарежливи фискални пакети за време на кризи,
нагласувајќи ги потенцијалните негативни ефекти врз фискалната одржливост, што
може да ги попречи идните способности за одговор на кризи. Фискалните правила
може да бидат помошни и во тој поглед, бидејќи антикризните пакети треба да
бидат строго насочени за да се избегнат мртви загуби на помагање на
домаќинствата и компаниите кои биле или помалку погодени за време на криза или
кои самите можеле силно да го поднесат притисокот – укажуваат истражувачите.

Анализа на мерките
што ги спроведе македонската владата за да ги заштити домаќинствата и малите
деловни потрошувачи за време на скоковите на цените на енергијата. Субвенции за
електрична енергија за домаќинствата претставуваа значителен фискален товар во
текот на енергетската криза, со приближна цена од 3,2 отсто од БДП или 9,2
отсто на државните расходи во 2022 година. Сепак, забележлив е процес на
исфрлање во 2023.

– 
Едноставна
квантитативна проценка на односот помеѓу субвенциите за електричната енергија и
сегменти од државните расходи, вклучувајќи: јавно здравство, јавно образованието,
социјалните трошоци и капиталните трошоци, открива знаци на натрупаност.
Поконкретно, субвенциите за електрична енергија во однос на БДП се поврзани со
намалување на јавните расходи наменети за јавното здравство и социјалните
трошоци од 0,87 до 0,93 п.п. и 2,07 до 2,26 п.п.. од БДП, соодветно. Овој наод
е особено релевантен, земајќи ги во предвид со оглед на тесниот фискален
простор што е присутен во Македонија, иако во тек се процесите на фискална
консолидација – нагласуваат истражувачите.

Посочуваат дека
со ослободувањето на буџетскиот простор од прекумерните субвенции за струја, би
можело да створи простор за инвестиции во напорите на структурната политика за
подобрени јавни услуги и насочени мерки.

Воедно се укажува
дека политиката на субвенционирање е испреплетена со капацитетот на земјата за
производство на енергија и потпирање на увоз. Зголемени енергетски капацитети и
снабдување може придонесе за подобра долгорочна отпорност и предвидливост, меѓу
многуте несигурности кои доаѓаат во иднина. Ова би подразбирало ревносно
долгорочно планирање и имплементација на стратегии за унапредување на
енергетскиот сектор.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy