Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Државен фонд стана сопственик на зградата на Еуростандард банка проценета на 8,5 милиони евра
Економија

Државен фонд стана сопственик на зградата на Еуростандард банка проценета на 8,5 милиони евра

16/08/2024

AA

Државниот Фонд за осигурување на депозити е нов сопственик на управната зграда на Еуростандард банка, поранешната банка на Трифун Костовски во стечај. Фондот, кој од неодамна доби нов в.д. директор, Бехар Емини, иако нема никаков вложен депозит во Еуростандард, доби недвижен имот во центарот на Скопје во вредност од 520 милиони денари, односно 8,5 милиони евра.

Според неофицијалните сознанија на „Фактор“, Фондот за осигурување на депозити бил прогласен за најголем доверител во последната одлука на стечајниот судија и со доделувањето на недвижниот имот добил дури 80 отсто од насобраната стечајна маса. Од она што го дознаваме, претходните сопственици на зградата сметале дека Фондот немал право да се намирува од стечајната маса. 

Минатата година, од она што излезе јавно како информација, имаше обид од Пантелеон ГС во наддавање да ја купи зградата за 5,4 милиони евра. Станува збор за македонска аутсорсинг компанија која работи за компании на американскиот пазар. Засега само кружат шпекулации дека зградата може да биде продадена во контекст на една предизборна партиска програма која бара „Банка за Албанците и Албанска академија на науките“.

Канцелариите на ФОД се наоѓаат на улица 11 Октомври во Општина Центар, а според финансискиот план за 2024, тие вредат помалку од 300.000 евра. Сега целокупниот материјален имот на ФОД вреди околу 9 милиони евра. Според планот, поради новододелениот
објект од стечајната маса на Еуростандард банка АД Скопје во стечај, се плаќаат повеќекратно повеќе пари за 
струја, парно, вода, физичко обезбедување, мониторинг и други трошоци за
одржување. 

Од ФОД за Фактор велат дека ја добиле зградата како доверители од стечајната маса на Еуростандард банка.

„Ова зголемување на вредноста на деловен простор, сопственост на Фондот, претставува
вредноста на зграда, доделена на Фондот, како доверител во стечајната маса на
Еуростандард банка АД Скопје во стечај, доделена во сопственост на Фондот на ден
06.2.2024 година со судска одлука бр.IVСТ – 123/20 од 25.1.2024 година како наплата на
дел од побарувањето кој ФОД го има кон ЕСБ согласно исплатата на обесштетувањето
на осигурените депозити“, пишува во планот на Фондот.

На испратените прашања на „Фактор“ не добивме конкретен одговор дали, кога и како ќе се продава објектот. Единствено велат дека објектот е добиен согласно авансна распределба на стечајната маса со решение од Основен граѓански суд Скопје и дека „зградата е на штедачите“.

– Фондот е единствена институција која врши обесштетување на депоненти при настанување на ризичен настан, и е специјализирана финансиска институција и нема ист начин на финансирање како останатите државни фондови во нашата земја, туку работи со самофинансирање и има обврска средствата од фондот за сигурност да ги управува само и единствено за обесштетување на осигурените депозити. Со стекнатиот недвижен имот Фондот ќе постапува согласно законската регулатива, гласи одговорот од ФОД.

Обврските за штети во 2024, според планот на ФОД, за обештетување на депонентите во Еуростандард треба да достигнат 352 милиони денари, или околу 5,7 милиони евра.

Минатата година поранешниот сопственик Трифун Костовски изјави дека „по сите параметри“ зградата не може да вреди помалку од 12 милиони евра.

Инаку, Фондот досега на штедачите на Еуростандард банка им исплатил 3,76 милијарди денари или 61,2 милиони евра, како што стои во табелата од Фондот.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy