
Државата им застанува на пат на енормните камати: Брзите кредити веќе нема да ги „цицаат“ граѓаните
Министерството за финансии подготвува измени во Законот за финансиски друштва со цел да се стави крај на енормните заработки на компаниите за брзи кредити преку превисоки камати и провизии. Како што најави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, главната измена ќе биде ограничување на вкупните трошоци што граѓаните ги враќаат на овие друштва.
„Ако долгот е 20.000 денари, максималниот износ кој граѓаните треба да го вратат не смее да надмине 30.000 денари“, објасни министерката на брифинг со новинарите, додавајќи дека во моментот постојат ситуации каде трошоците се далеку над оваа рамка.
Податоците покажуваат дека пазарот на брзи кредити во земјава е во голем пораст:
Министерката посочи дека иако се евидентирани неправилности, досега не се одземени лиценци на финансиските друштва, туку се издадени опомени и прекршочни пријави. Причината за ваквиот пристап е заштита на граѓаните кои веќе се задолжени – според Кочоска, друштвата кои наплатиле повеќе пари од дозволеното треба да им ги вратат средствата на корисниците.
