
Државата ќе плаќа отштета: Судот во Стразбур со пресуда дека Пешов и Ристовски незаконски биле држени во притвор!
Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе пресуда во која се посочува дека на поранешниот министер за образование и за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, неоправдано му бил продолжуван домашниот притвор за случајот „27 април“.
Државата ќе треба да му плати оштета од вкупно 2.250 евра, во рок од три месеци од правосилноста на пресудата.
Идентична пресуда има и за Митко Пешов, раководителот на одделот за посебни единици во полицијата, кој за „крвавиот четврток“ беше осуден со казна затвор од 15 години.
