Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Државата ќе добие меѓу 120 и 150 милиони евра од „Митилинеос“ за 30 години, односно 2,5 до 3 евра за секое вложено евро
Економија

Државата ќе добие меѓу 120 и 150 милиони евра од „Митилинеос“ за 30 години, односно 2,5 до 3 евра за секое вложено евро

26/02/2024

AA

Државата ќе оставри
приход меѓу 120 и 150 милиони евра од стратешката инвестиција „Митилинеос“ за
30 години само по основа на придонеси за вработените, персонален данок и данок
на добивка, вели Јован Деспотовски,
директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Вредноста на
инвестицијата на реномираната грчка компанија „Митилинеос“ во когенеративната
централа во новата зона „Енергија Скопје“ има вредност од околу 290 милиони
евра. Со предлог-законот и договорот, кои се во собраниска процедура, финансиската
поддршка од државата е дефинирана на 17%, што на оваа инвестиција изнесува
помалку од 50 милиони евра за пет години. Со договорот „Митилинеос“ е обврзан
да вложи во целокупната инфраструктура на локацијата, изградба на капацитет и
на приклучоци.

– Компанијата е
обврзана уште по првиот ден да ги плаќа сите давачки кон
државата, вклучително придонеси за вработените, персонален данок и данок на
добивка. Нема
никакви ослободувања. Само
по оваа основа, согласно деловниот план доставен за 30 години, државата ќе
приходува меѓу 120 и 150 милиони евра, односно на секое евро вложено во
проектот во буџетот на државата ќе се слеат помеѓу 2,5 и 3 евра – вели Деспотовски.

Условите за
инвестицијата што ги овозможува државата од аспект на инфраструктура се
вообичаени како и за преостанатите инвеститори. На локацијата „Железара“ дел од
инфраструктурата постои и ќе се користи и за оваа инвестиција. Преостанува
реализација на приклучна улица до парцелата во должина од приближно 500 метри.
Инвеститорот, исто така, се обврзува и сам да финансира редовни и планирани
ремонти.

Дополнително, земјиштето
со површина од 11,5 хектари и целокупната изградена инфраструктура остануваат
сопственост на државата.

– За користење на земјиштето инвеститорот ќе
плаќа годишен надомест од 2 евра/м2 или вкупно 230.000 евра на годишно ниво. Само по основ за користење на земјиштето приходот за државата ќе биде седум милиони евра. Тоа се седум милиони евра
повеќе за граѓаните од ова државно земјиште кое со децении стои неискористено –
вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Педесетте милиони
што ќе ги вложи државата во „Митилинеос“ ќе се вратат за 15 години, а во
следните 15 години ќе се удвојат, велат експертите посочувајќи ги одредбите во
предлог-законот и во договорот, кои се во собраниска процедура.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ЗА МАРИХУАНА ВО ОХИС Полицијата со камиони

06/02/2026
Македонија

ДОЖД ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА Претпладне ќе врне на

06/02/2026
Македонија

📽️ НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАПЛЕНЕТИ СЕ РЕКОРДНИ 27 ТОНИ МАРИХУАНА Детали од

05/02/2026
Македонија

Димитриевски: Задоволен сум од платата, ама јас од плата не

05/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА СЕ ВОДИ, ЈАВНОСТА ЌЕ ДОЗНАЕ СÈ Мицкоски најави разрешница

05/02/2026
Македонија

Нова измама, овој пат СМС од Телеграм – не кликајте

05/02/2026
Македонија

НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ ГАРАНЦИИ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА Премиерот со јасна

05/02/2026
Македонија

Возачите на ЈСП сами ќе си ги плаќаат казните од

05/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41100
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ЗА МАРИХУАНА ВО ОХИС Полицијата со камиони и специјалци ја блокираше фабриката

06/02/2026

Големата полициска акција поврзана со петте тони марихуана запленети минатата недела во Србија и натаму е во тек, а фокусот

ДОЖД ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА Претпладне ќе врне на запад, попладне и на исток

06/02/2026

Метеоролозите најавуваат променливо облачно време утре, со врнежи од дожд во повеќе делови од земјата. Претпладне дожд се очекува во

📽️ НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАПЛЕНЕТИ СЕ РЕКОРДНИ 27 ТОНИ МАРИХУАНА Детали од големата акција во Скопје и

05/02/2026

Голема полициска акција за заплена на марихуана денеска се спроведува во Скопје и во струмичкиот регион, при што, според неофицијални

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy