Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДРЖАВА ВО ДРЖАВА: Пензискиот фонд си изгласал директор без одобрување од Владата
Економија

ДРЖАВА ВО ДРЖАВА: Пензискиот фонд си изгласал директор без одобрување од Владата

29/01/2025

AA

Државниот завод за ревизија во денешниот извештај открива дека Управниот одбор на Фондот за пензиско осигурување го именувал за в.д.директор Дритан Беџети, кадар на Алтернатива на Африм Гаши, без согласност од Владата.  

Беџети така работел од јуни 2022 до март 2023, кога Владата „се сетила“ да не даде одобрување на неговиот избор и бил поставен нов директор.

„Во јуни 2022 година по спроведен јавен конкурс и постапка, со Одлука на Управниот
одбор именуван е директор на Фондот на која Владата нема дадено согласност, што
не е во согласност со Законот за ПИО и влијае на начинот на извршениот избор. Во
март 2023 година, по девет месеци, од страна на Владата донесено е Решение за не
давање на согласност на одлуката на УО од јуни 2022 година за именуваниот
директор на Фондот од страна на УО што влијае на квалитетот на раководењето и
работењето како и на начинот на реализација на правата и должностите на
директорот утврдени со закон“, констатира ревизорот во денешното соопштение до медиумите.

Инаку Беџети во меѓувреме доби и кривична пријава за своеволно вработување на нестручни кадри кои не ни доаѓале на работа. Овој период на работење на ПИОМ покажал многу недостатоци за државниот ревизор. Во 2023 биле вработени со договор на дело повеќе од 200 лица, но немало евиденција што и како работеле.

„Во текот на 2023 година ангажирани се 206 физички лица со договор на дело за
период од 2 до 12 месеца, за кои Фондот има обезбедено согласности од
министерството за финансии, за извршување на работни задачи согласно
систематизацијата на работни места, за кои се исплатени средства во износ од
50.377 илјади денари. Ревизорите укажуваат дека не постои евиденција за
присуство на ангажираните лица поради што постои можност од исплата на
парични средства на лица кои не биле присутни на работните места и не ги
извршувале работните обврски. Во договорите не е предвидена обврска
ангажираните лица да доставуваат извештаи за извршената работа, што не
обезбедува уверување во однос на исполнувањето на нивните работни задачи и
обврски за кои се ангажирани при што поголем дел од договорите не се потпишани
од страна на извршителите“, објаснува ревизорот.

Спорна била и една од јавните набавки за реконструкција и одржување на објектите на Фондот, иако за некои сегменти од работењето имало и други понуди кои биле до 22 пати поевтини.

„Во текот на 2023 година, спроведенa e набавкa за тековно одржување и изведување
на градежно занаетчиски работи на деловни објекти на Фондот во централата,
филијалите, деловниците и пензионерските домови за кои склучени се договори и
анекси кон договорите во вкупен износ од 35.883 илјади денари за коja ревизорите
утврдиле слбасти во нејзиното спроведување и реализација. Имено за позициите
за кои била понудена минимална цена, во текот на реализација на договорот не се
извршени нарачки. Договорот се реализирал за само неколку работни позиции кои
во споредба на понудите на останатите економски оператори кои биле оценети
како неприфатливи, кои за истите позиции имале од 2 (два) до 22 (дваесет и два)
пати пониски цени.“, се вели во ревизијата.

За Беџети има пријава од МВР дека преку ПИОМ плаќал кирија за изнајмување на објект, а парите на крајот завршувале кај неговата сестра.Нешто слично открива и ДЗИ. Одтаму реагираат дека склучен е договор за закуп на деловен простор на 20 години без спроведена
соодветна постапка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy