
Дрво падна на автомобил додека се движел (ФОТО+ВИДЕО)
Скопската Котлина е зафатена од невреме придружено со интензивни електрични празнења, интензивен пороен дожд и силен ветер, а можна е и појава на град. Правецот на ширење на појавите е од запад кон исток.
Нестабилната облачна маса проследена со интензивни електрични празнења, интензивен пороен дожд и силен ветер се помести во југоисточниот и источниот дел на Скопската Котлина, а го зафаќа и Велешкиот регион. Нешто послаби процеси го зафаќаат и Кумановското подрачје.
При првиот налет на невремето во Скопје паднаа и дрвја.
Едно од дрвјата во населба „Мичурин“, во Аеродром падна врз автомобили и на еден во движење, среќа само на задниот дел на автомобилот во движење.
Нема повредени лица.
Денес попладне зафати силно невреме во Скопје со грмотевици, откорнати дрвја, дожд и ветер. Невреме проследено со силен ветер, грмотевици и дожд зафати во сите делови во Скопје
Од Центарот за управување со кризи најпрвин информираа за паднати дрвја во близина на транспортниот центар на улицата Симеон Кавракиров, се предпоставува дека има и другу материјални штети.
Инаку УХМР претхдно најави дека попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.