Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дрва насобрани под мостот на реката Вардар кај Јурумлери и Долно Лисиче, претставуваат опасност од излевање и притисок на столбовите!!
Македонија

Дрва насобрани под мостот на реката Вардар кај Јурумлери и Долно Лисиче, претставуваат опасност од излевање и притисок на столбовите!!

13/02/2024

AA

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.045 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,14%, а 59,86% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 60,66%, кон Итната медицинска помош 32,66%, а кон пожарникарите 2,34% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 4,34% со другите 59,86% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1.237 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

Сепак има пожари на отворено и покрај врнежите од дожд. Пожарникарите од ТППЕ Прилеп, вчера во период од 12:02 до 12:20 часот со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација кај ООУ ,,Блаже Конески“ во Прилеп.

Инаку, во поглед на активности за превенција од опасност по мост во Скопско и од поплави, Регионалниот ЦУК Скопје, информира дека преку Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, од АД Водостопанство е добиена пријава за поголемо натрупување на дрвена маса под мостот на реката Вардар на локација помеѓу селата Јурумлери (Општина Гази Баба) и Долно Лисиче (Општина Аеродром).

Според пријавата, насобраните дрва и гранки на столбовите претставувале опасност од излевање на реката и вршеле притисок на носечките столбови на мостот, заради што е потребно активирање на соодветна механизација за решавање на проблемот.

Регионалниот ЦУК Скопје, по добивањето на пријавата, ја известиле Општина Аеродром и надлежните служби на Општина Гази Баба, а во синџирот на дејствување е известено од нивна страна АД Водостопанство за расчистување на дрвената маса под мостот во блиско време, бидејќи следи период од можни пролетни врнежи, па опасноста по мостот, заради притисокот на солбовите од мостот и опасноста од заезерување над и околу мостот, ќе биде поголема.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy