
Дрон и специјалци трагаат по цело семејство во реката Лепенец, спасен само 21 годишниот син (ВИДЕО)
Сѐ уште се трага по исчезнатите лица во реката Лепенец.
Според директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов се трага во исклучително тешки услови.
– Реката е длабока и многу брза и носи предмети со неа кои претставуваат опасност на нуркачите, рече тој.
Станува збор за лица кои со возило со косовски регистарски таблички при вчерашната сообраќајна несреќа паднаа во реката Лепенец на патот Скопје – ГП Блаце.
Во возилото, покрај возачот, имало и тројца сопатници.
21-годишниот син е успешно изваден од реката и пренесен во ГОБ „8 Септември“, додека по останатите три лица, меѓу кои и 16-годишник, се трага.
На терен се дрон и специјалци кои трагаат по нив.
