Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дрога и ножеви најдени кај млади луѓе низ целата земја
Магазин

Дрога и ножеви најдени кај млади луѓе низ целата земја

16/10/2024

AA

Полицискиот билтен изобилува со вести за најдена дрога и ножеви кај млади луѓе низ целата република.

Во вотрникот, во 23.35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.С.(41) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен суд Штип, биле пронајдени и одземени повеќе различни пакувања со марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана, пари и таблети. За настанот бил известен јавен обвинител и лицето било задржано во полициска станица. 

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А.(48) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. На 14.10.2024, со наредба на Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени седум пакувања со кафеава прашкаста материја, 922 куршуми различен калибар, една дигитална вага, една воздушна пушка, рамка за пиштол и  три шок бомби. Тој бил лишен од слобода и по документирање на случајот му е поднесена пријавата, додека од судија на претходна постапка одредена му е мерка домашен притвор.

Во вторникот, во 21.30 часот на ул.„Железничка“ во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Штип ги лишиле од слобода Љ.П.(43) и К.П.(37), двајцата од Штип. При преглед во возилото „рено лагуна“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Љ.П., а сопатничка била К.П., кај Љ.П. и во возилото биле пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана и боев куршум. За настанот бил запознаен јавен обвинител и Љ.П. бил задржан во полициска станица.

Утрово пак, во 3 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. 

Во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. 

Во 1.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

Во 1 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во вторникот, во 19.40 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода М.С.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Истиот ден, во 17.10 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во 14.45 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.А.(34) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и таблети.

Во 21.30 часот во Скопје, на кеј на река Вардар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Утрово, 40 минути по полноќ на ул.„Тошо Арсов“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле Ш.К.(61) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера, во 10 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода Е.С.(43) од Прилеп затоа што кај неа биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

По полноќ во 00.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.

Во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.

По целосно документирање на случаите ќе следува соодветен поднесок, информираат од полицијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy