Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дритон Небиу од Алијанса за Албанците ја презеде функционијата директор на Агенцијата за управување со одземен имот
Македонија

Дритон Небиу од Алијанса за Албанците ја презеде функционијата директор на Агенцијата за управување со одземен имот

11/03/2023

AA

Досегашниот директор на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани од СДСМ објави на фејсбук дека вчера извршил примопредавање на функцијата на Дритон Небиу од АА, кој доаѓа на неговото место како прв човек на оваа Агенција

Тој во објавата, меѓу другото, вели дека се надева дека Небиу ќе продолжи со ист интензитет на работа и ќе реди успеси бидејќи остава прекрасен тим на вработени, со оценка дека по еден изминат мандат, Државната агенција за конфискација ги остварила очекуваните бројки и норми.

-За успесите и резултатите на Агенцијата како што и претходно кажав, мерило се само бројките, а ние како тим ги имавме многу повеќе и од било која поставена НОРМА и не би редел затоа што се многу и ризикувам да го изгубам мојот лет за Болоња. Благодарност и до мојата СДСМ која ми ја даде безрезервната доверба и поддршка, сите овие изминати години, а секако голема благодарност до сите граѓани на РСМ кои воедно беа мојот мотив за достигнување на постигнатите цели и успеси, вели Асани.

Новиот директор Небиу, пак, на Фејсбук објави дека честа да се предводи една институција како Агенција за управување со одземен имот, колку што е одговорна е и благородна работа од самиот факт дека претставува алка во системот преку кој на народот како реален сопственик му се враќа тоа што и му припаѓа, а некој сакал со истото да се збагати на нивна штета.

-Како управител на оваа Агенција ќе се заложам на секого да му припадне она што го заслужува и она за што работел. Затоа, управувањето со одземениот имот представува исправање на неправдата која му е нанесена на секој еден граѓанин на Република Северна Македонија со самото враќање на одземеното, украденото или незаконски стекнатото како и незаконски користеното во полза на граѓаните и за граѓаните. Работата на Агенцијата за управување со одземен имот во голема мерка зависи од она што правосудните органи ќе го докажат како незаконски стекнато или користено, пишува на фб статусот на Небиу.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy