Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дрин Ахмети ги пренесе своите фирми во Соравиа
Економија

Дрин Ахмети ги пренесе своите фирми во Соравиа

12/09/2023

AA

Младиот бизнисмен Дрин Ахмети ги пренесе своите фирми во Соравиа во Скопје, откако преку летото беше објавено дека една од неговите компании – Тор Индустрис ќе има удел во деловниот бизнис-центар.

Фирмите кои Ахмети ги поседува Еверест ЏД и Потам Плант од пред десетина дена наместо „Кичево“ го имаат називот „Скопје“ во своето име и се префрлени на адресата „Филип Втори Македонски бр.3“. Од она што претходно е опишано во медиумите, станува збор за фирми кои работат со концесии.

„Компанијата Еверест ЏД имаше 5 милиони евра проценета вредност на концесија, а компанијата Потам плент (Potam Plant) со хидроенергетскиот проект во 2022 имаше проценета вредност на инвестиција од 400 илјади евра. Вредноста на средствата на Еверест ЏД и Тор индустрис е меѓу 7,5 и 8 милиони евра. Ангажирана е компанија за проценка на вредноста на средствата и наскоро ќе ја имаме и официјалната проценка за вредноста која веднаш ќе ја објавиме“, претходно соопшти Ахмети за еден од медиумите во текот на изминатиот јуни, давајќи поблизок опис за работењето на неговите фирми.

39-те проценти од Соравиа се уште не му се заведени во Централниот регистар на Ахмети, но му се заведени сопственички или управителски позиции во 4 фирми. „Еверест ЏД“ се занимава со нискоградба, има лиценца за ископ на минерални суровини и лиценца за хидроцентрали, додека „Потам Плант“ е фирма за производство на струја. За „Еверест ЏД“ од претходно се знае дека стопанисува со каменолом и има договор за концесија за експлоатација на минерална суровина – варовник на локалитетот „Буковиќ“, општина Зајас.

Откако внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, објави дека ќе поседува удел во „Соравиа“, веќе неколку фирми го регистрираа своето ново седиште таму. Едно од нив е претставништвото на американската Мерк Шарп Дохме ИДЕА – инаку најголема фармацевтска компанија во светот. Таму своја компанија регистрираше и претседателот на албанската бизнис дијаспора Назар Ник Мехмети со „Американ Инвестмент Груп“. Во Соравиа од неодамна е и Мега С Пауер, компанија за трговија со електрична енергија на Индиецот Ранјит Најак кој е бизнис партнер со Шкумбин Ахмети, синот на Али Ахмети.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy