Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Драстичен пораст на канцерогени случаи во Кочани
Македонија

Драстичен пораст на канцерогени случаи во Кочани

05/10/2023

AA

Гинеколошкото одделение при Општата болница во Кочани регистрирало драстичен пораст на бројот на канцерогени случаи и алармира за подигање на јавната свест кај женската популација за редовни превентивни прегледи.

Од јануари до септември годинава во евиденцијата се забележани девет случаи на канцер, главно на грлото на матката, при што еден случај е сериозен и неоперабилен.

-Практично секој месец евидентираме по еден случај со канцерогени симптоми, а најчесто пациентките на лекарски преглед доаѓаат откако ќе забележат здравствени промени. Ако продолжи таквиот тренд, до крајот на годината ќе има зголемување на случаите за трипати во споредба со лани. Пациентките се од различни генерации, најчесто околу 50-годишна возраст, но има и помлади. Поради тоа упатувам апел за навремено и редовно јавување на преглед заради заштита од евентуални несакани последици, истакна специјалистот Илчо Атанасовски, гинеколог во Општата болница во Кочани.

Болницата има соодветни услови за прегледи, а се прават напори за подигање на квалитетот на здравствената заштита.

– Располагаме со нов 4D ехо апарат што го имаат и посовремените болници.На гинеколошко-акушерското одделение не се водат само раѓањата, туку за деветте месеци имаме и околу две илјади прегледи. Реализирани се и 180 хоспитализации на пациентки и тие се задоволни од условите и услугите, истакна Атанасовски.

Во апелот за редовни прегледи тој потсети дека од минатата година постои можност преку интернет платформата e-zdravstvo.mk да се направи електронска регистрација за ПАП тест на секоја жена.

Според евиденцијата на здравствените установи, секоја година во државата се регистрираат по 150 нови случаи со рак на грлото на матката, а има по околу 50 смртни случаи како последица од ова заболување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy