Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДРАСТИЧЕН ПАД НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ВИНСКО ГРОЗЈЕ: министерот Трипуновски вели досега откупени само 53 милиони килограми
Економија

ДРАСТИЧЕН ПАД НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ВИНСКО ГРОЗЈЕ: министерот Трипуновски вели досега откупени само 53 милиони килограми

08/09/2024

AA

Драстичен пад на производството на винско грозје е забележан годинава, објави министерот за земјоделство при одбележувањето на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“.

Според неговите информации, досега откупени се околу 53 милиони килограми, што упатува на голем пад, особено ако се има предвид дека во земјава се произведувале над 100 милиони винско грозје. 

– Повторно ќе го враќаме лозарството и винарството да биде гранка што ќе значи задоволни земјоделци – изјави попладнево министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во Кавадарци. 

– Денеска сме на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, сакам да посакам успешна манифестација, успешна берба, квалитетно грозје и квалитетно вино што Република Македонија со гордост ќе се претставува надвор од земјата. 

Досега, согласно бербата, откупени се некаде околу 53 милиони килограми винско грозје што е сериозен пад од она што некогаш Република Македонија го произведувала, тоа е накратко заради оние лоши политики во изминатиот период и да Македонија денеска падне на ваква минимална количина. 

Знаете дека во минатото сме имале над 150 милиони килограми од што се произведувало околу 110 милиони литри вино – подвлече тој. 

Оваа година гледаме, додаде, како и минатата, има катастрофална ситуација.

– Она што ние како Влада, како Министерство, сме се обврзале во нашата предизборна програма и програма на Влада, дека во наредниот период, наредните години, повторно ќе го враќаме лозарството и винарството да биде гранка што ќе значи задоволни земјоделци, сериозен девизен прелив на Република Македонија и нормално, гранка што ќе биде за респект и производство на квалитетно вино што и понатаму ќе ја претставува Република Македонија надвор од границите – посочи Трипуновски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy