Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ, СЕ СОЗДАВА СИРОМАШНА ЗОНА НА ИСТОКОТ НА ГЕРМАНИЈА: Ова е најпогодените покраини
Економија

ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ, СЕ СОЗДАВА СИРОМАШНА ЗОНА НА ИСТОКОТ НА ГЕРМАНИЈА: Ова е најпогодените покраини

29/07/2023

AA

На истокот на Германија ниските плати се почести отколку на
западот, покажуваат податоците на Заводот за статистика.

Најголем дел од работните места со најниска плата за час,
помалку од 14 евра бруто, има во источната покраина Мекленбург-Западна
Померанија, 30 проценти.

Следат останатите источни покраини Бранденбург,
Саксонија-Анхалт и Тирингија со по 28 отсто. Најмалку такви мали саатници има
во Хамбург, 18 отсто, и во Баден-Виртемберг и Берлин, со по 20 отсто.

Партијата на левицата, која побара податоци од Заводот за
статистика, претходно го објави процентот на вработени низ Германија кои
добиваат помалку од 14 евра на час. Малку повеќе од 23 отсто, или околу 9,3
милиони Германци, работат за минимална саатница.

Според новите податоци, сите пет покраини на исток имаат поголем процент на
ниски приходи од западните провинции и Берлин.

Комесарот на Левицата за исток Серен Пелман го повтори
барањето на неговата партија минималната плата во Германија да се зголеми на 14
евра.

„Речиси 30 отсто од источногерманците работат за помалку од
14 евра на час“, рече Пелман, пратеник во Бундестагот.

„Тоа е голем потенцијал за незадоволство, кој потоа се
празни во политиката. Никој не треба да биде изненаден од успесите на
(екстремната десница) Алтернатива за Германија, кога речиси една третина си
одат дома со минимум“, рече Пелман.

Пратеникот предупреди дека имајќи предвид дека платите
влијаат и на пензиите, на Германија и се заканува појава на „сиромашна зона на
исток“.

ФОТО: Unsplash/ Denny Hill

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кавадарчанка измамена од сограѓанка за 180 илјади денари – требало

14/02/2026
Македонија

СВЕТОТ ВЕЌЕ НЕ ФУНКЦИОНИРА ПО СТАРИТЕ ПРАВИЛА Мицкоски вели дека

14/02/2026
Македонија

Маж од Росоман со алат одземал фотоволтаични панели од нива!

14/02/2026
Македонија

Скопјанка со тврд предмет си го нападнала синот!

14/02/2026
Македонија

Скопјанец нападнат додека бил со девојката: Насилникот му се заканувал

14/02/2026
Македонија

Маж со тупаници ја тепал својата бремена девојка – тргнале

14/02/2026
Македонија

ПИЈАН ИЗЕЛТАЛ ДО ПАТОТ КАЈ ЛОКВИЦА Полицијата приведе скопјанец и

14/02/2026
Македонија

АЛАРМ ЗА НЕВРЕМЕ: Можни поројни поплави, подгответе се за силни

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41459
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кавадарчанка измамена од сограѓанка за 180 илјади денари – требало да започнат бизнис

14/02/2026

На 13.02.2026 во 11:50 часот во ОВР Кавадарци, 28-годишна кавадарчанка пријавила дека била измамена од едно женско лице од Кавадарци

СВЕТОТ ВЕЌЕ НЕ ФУНКЦИОНИРА ПО СТАРИТЕ ПРАВИЛА Мицкоски вели дека сигналите на Рубио се клучни

14/02/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на повеќедневната посета на Сојузна Република Германија, учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, каде што

Маж од Росоман со алат одземал фотоволтаични панели од нива!

14/02/2026

На 13.02.2026 во 10:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода П.Ј.(33) од Росоман. Тој се сомничи

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy