
Драматично е во Амстердам: Хулигани кршат сѐ пред себе, полицијата ги брка со солзавец (ВИДЕО)
Фудбалерите и официјалните лица безбедно го напуштија теренот, но хулиганите во знак на револт кршат сѐ пред себе надвор од стадионот. Тие се обидоа да влезат во службените простории на Ајакс, но за среќа не успеаја во тоа. Тие беа толку агресивно што полицијата мораше да употреби и солзавец.
Овој меч дефинитивно ќе биде регистриран со службена победа за Феенорд, додека составот од Амстердам ќе добие и дополнителна ригорозна казна. Револтот на навивачите на Ајакс доаѓа поради фактот што екипата оствари само една победа во првите два меча, со еден пораз и две нерешени средби.
