
Драматична порака на фудбалерите од Конго: Рака на уста и „пиштол“ на глава (ВИДЕО)
Сите кои се најдоа во стартната постава ставија рака преку устата и со прстите гестикулираа пиштол на главата и така останаа неколку секунди. Со тоа, како што тврдат медиумите низ светот, сакаа да укажат на случувањата во нивната татковина последните денови.
Во источниот дел од ДР Конго во тек е конфликт меѓу војската и паравоената формација М23. Голем број жители на овој дел се обидува да избега оттаму и се шпекулира дека над 42 илјади лица ги напуштиле околните села и градови.
Исто така, фудбалерите во полуфиналето од Африканскиот куп на нации против Брегот на Слоновата Коска носат црни ленти на рацете во чест на настраданите во жестоките конфликти.
