
Драма во Виторија: Рефлектор падна од плафонот за време на мечот на Басконија и Барса (ВИДЕО)
Во текот на последната четвртина, за време на еден тајм-аут, падна еден од рефлекторите кои се наоѓаа над теренот и заврши десетина сантиметри од една од навивачките кои во тој момент имаа перформанс. Тие не се осврнаа на инцидентот, туку продолжија да играат до крајот и покрај алармантната ситуација и опасноста што висеше над нив.
Среќа е и што сето ова се случи за време на тајм-аут бидејќи во тек на игра поголема е веројатноста да падне врз некој од играчите на двете екипи. Од клубот најавија истрага за инцидентот и наоѓање на виновникот за тоа што се случи. Басконија на крајот славеше со 103-95 и остана во игра за пласман во плеј-офот од шпанското првенство.
