
Драма во Шуто Оризари: Додека возел му го пресекле патот па му фрлале разни предмети кон прозорот!
На 16.09.2025 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Г.Д.(50) од Скопје пријави дека на подрачјето на Шуто Оризари, додека управувал патничко возило, неколку лица, биле со патничко возило „фолксваген голф“ се обиделе да му го пресечат патот, со возилото удриле во неговото возило и од прозорецот фрлале разни тврди предмети и му го оштетиле возилото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.