Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Драма во манастир во Романија: Еден убиен, тројца избодени со нож!
Македонија

Драма во манастир во Романија: Еден убиен, тројца избодени со нож!

05/01/2025

AA

Млад човек (23) загина, а тројца млади на возраст од 20 и 22 години се ранети во нападот што се случи вечерва околу 1 часот по полноќ пред манастирот Свети тројца архијереи во Иеуд, Романија. Според локалните медиуми, неколку млади момчиња од засега непознати причини се судриле на влезот во манастирот.

Полицијата добила повик во 01:01 часот, а кога пристигнала на местото на настанот затекнала четворица млади момчиња облеани во крв. Еден починал од повредите. Според неофицијални информации, во врска со овој инцидент полицијата привела три лица, но сè уште трага по уште едно лице.

Според локалните медиуми, во конфликтот учествувале неколку млади момчиња, вербалниот конфликт прераснал во физички, а потоа едно младо момче извадил нож и почнал да ги боде сите по ред.

„На 5 јануари во 01:01 часот добивме пријава дека во напад во Иеуд се повредени четворица млади. Нашите патроли веднаш излегоа на лице место и ги идентификуваа жртвите. Сите се здобија со повреди предизвикани од остар предмет. Тројца млади на возраст од 20 и 22 години се здобиле со убодни рани, а четвртиот млад 23-годишен им подлегнал на повредите“, кратко соопшти полицијата.

Извор од истрагата изјави дека тројца осомничени се идентификувани и приведени, додека четвртиот сè уште не е идентификуван и се трага.

„Истрагата е во тек“, кусо додаваат од полицијата.

Во текот на ноќта на излезите од Иеуд беа стационирани патроли, кои запираа автомобили и ги проверуваа возачите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во Полициска станица извршен разговор со две малолетнички и нивни

02/07/2026
Македонија

Тешка сообраќајка кај „Св. Еразмо“: Автомобил удри во електричен столб,

02/07/2026
Македонија

Венко Филипче: Ќе го номинирам Горан Герасимовски за потпретседател на

02/07/2026
Македонија

ВРЕДИ: Македонија меѓу земјите со најсовремени технологии во воздухопловството

02/07/2026
Македонија

Уапсен маж од Тетово, возел 177 км/ч на патот Гостивар-Тетово

01/07/2026
Македонија

Изборниот законик „заглави“ во Собранието: СДСМ поднесе 10.000 амандмани

01/07/2026
Македонија

Црешево и Гази Баба рекордери по дожд, од ноќва времето

01/07/2026
Македонија

АУДИО Слаткаристика објави досега необјавен дел од песна заедно со

01/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44100
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy