
Драма во Мадрид: Реал по четири продолженија го реши Ефес
„Кралскиот клуб“ ја доби првата четвртина со 25-18, но турскиот гигант почна да се буди и до полувреме намали на 36-38.
Во второто полувреме се водеше подраматична битка на паркетот, но по регуларниот дел резултатот беше 81-81, па победникот мораше да се решава по продолженија.
Шпанскиот тим по четири продолженија конечно успеа да го надигра турскиот клуб со 130-126.
Најефикасен кај „кралевите“ беше Муса со 40 поени, два скокови и осум асистенции, додека Ларкин постигна 32 поени, пет скокови и девет асистенции за Ефес.
Останати резултати:
Барселона – Басконија 89-85
Милано – Баерн Минхен 76-62
Валенсија – Панатинаикос 81-82