
Драма во Лондон: Арсенал се спаси од пораз против Саутемптон (ВИДЕО)
Голманот на Арсенал, Арон Ремсдејл направи грешка во првите 30 секунди, по што казната стигна преку Алкараз, а водството на гостите го зголеми Волкот во 14. минута.
Мартинели ја врати надежта на „топчиите“ за пресврт во 20. минута, кога погоди за 1-2, но избраниците на Микел Артета не ги користеа шансите во продолжение од средбата.
Казната стигна во 66. минута кога Саутемптон погоди за 3-1, а водството гостите го чуваа до самата завршница во која „топчиите“ преку Одегард и Сака се спасија од пораз (3-3).
Арсенал е прв со 75 бодови, односно пет повеќе од Манчестер сити, но има одиграно и два меча повеќе од актуелниот првак.