
ДРАМА ВО ХАНИОТИ, МОМЧЕ (2) ОД СРБИЈА ВО ГУМЕН ЧАМЕЦ ОДНЕСЕНО ДАЛЕКУ ОД ПЛАЖА: Наеднаш стана само точка во далечината
Застрашувачка ситуација им се случи на родители од соседна Србија во туристичкиот град Ханиоти. Ветер одвеал двегодишно момче од Србија на повеќе од два километри од брегот додека било на гумен чамец, објавено е во групата „Никана“ на Фејсбук.
Неколку луѓе, меѓу кои и родителите, залудно пливале за да стигнат до момчето, бидејќи детето се оддалечувало се подалеку од брегот. На крајот, оддалеку се гледаше само точка. По 30 минути агонија и повикување на помош од сите присутни во тој момент, маж на скутер дошол до детето и го извлекол на брегот, пренесува „Блиц.рс“.
На крајот, сè добро се заврши, а родителите се повикуваат да се држат за гумата на која се наоѓаат нивните деца, бидејќи ветерот или морската струја може да ги однесе далеку. Момчето било вратено живо и здраво на брегот кај неговите загрижени родители.
