Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Драма во Франција: Висла по пенали го освои Нант за четврт-финале во ЛШ (ВИДЕО)
Спорт

Драма во Франција: Висла по пенали го освои Нант за четврт-финале во ЛШ (ВИДЕО)

29/03/2023

AA

Ракометарите на Висла Плок станаа 49-иот тим во историјата кој се пласирал во четврт-финалето од Лигата на шампионите (ЛШ), откако вечерва по голема драма славеа во пенал-рулетот на гостински терен против Нант (30-29).

Првиот меч во Полска заврши со резултат 32-32, а вечерашната средба во Франција во регуларниот дел заврши со резултат 25-25. Полјаците не промашија од линијата за седум метри, додека домаќинот еднаш не беше успешен, за огромна радост кај ракометарите на гостинската екипа. Тие можеа и во регуларниот дел да ја завршат работата со оглед што во последната минута влегоа со плус два (25-23), но на крајот примија погодок во последните секунди за изедначување.

TEN MOMENT. TA DRUŻYNA. ZROBILIŚMY TO! 💙🤍💙 pic.twitter.com/4sFkA8HEB8

— ORLEN Wisła Płock (@SPRWisla) March 29, 2023

Висла во четвртфиналето за противник ќе го има германскиот Магдебург. Во вториот денешен натпревар Динамо Букурешт со гостинска победа над Кил (32-31) се збогуваше од годинашното издание на Лигата на шампионите. Во преостанатите два натпревари од оваа рунда утре се среќаваат Веспрем – Пик Сегед и Гог Алборг.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАДНАВ НА КОЛЕНА, ПОЧНАА ДА МЕ ГАЗАТ, ПОЧНАВ ДА ПОВРАЌАМ,

26/01/2026
Македонија

„Не е тајна дека Мицкоски соработуваше со познати светски фирми

26/01/2026
Македонија

Граѓаните на протест пред општина Куманово: Бараат поддршка за даночниот

26/01/2026
Македонија

По пријава на граѓани: ЈСП ги ажурираше инфо-дисплеите, сега ќе

26/01/2026
Македонија

ОБИД ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА МЕХАНИЗМИТЕ НА САМОРЕГУЛАЦИЈА ЗА ПРЕСМЕТКА СО

26/01/2026
Македонија

Град Скопје со повик до граѓаните, подмирете си ги даноците

26/01/2026
Македонија

Ако ве улови „Сејф Сити“ ќе платите казна од 15

26/01/2026
Македонија

Основниот суд Битола демантира невистинити информации и апелира за воздржаност

26/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40641
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАДНАВ НА КОЛЕНА, ПОЧНАА ДА МЕ ГАЗАТ, ПОЧНАВ ДА ПОВРАЌАМ, МЕ ГАЗЕА… Сведочеше момче повредено

26/01/2026

Во продолжение на денешното судско рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ судот го повика сведокот на обвинението Дарио Трифунов,

„Не е тајна дека Мицкоски соработуваше со познати светски фирми од енергетиката и остваруваше високи

26/01/2026

Новата анализа на популарната Фејсбук-страница посветена на љубителите на часовници, која ги истражува додатоците на лидерите на земјите членки на

Граѓаните на протест пред општина Куманово: Бараат поддршка за даночниот спор со УЈП

26/01/2026

Поранешните вработени во американските компании во Ирак и Авганистан денеска го изразија својот револт пред зградата на Општина Куманово. Главната

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy