Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДРАМА ВО „БЕТОН ХАЛА“ ВО БЕЛГРАД Пејачот Даниел Кајмакоски киднапиран, му барале 20.000 евра?
Македонија

ДРАМА ВО „БЕТОН ХАЛА“ ВО БЕЛГРАД Пејачот Даниел Кајмакоски киднапиран, му барале 20.000 евра?

08/02/2026

AA

Познатиот македонски пејач Даниел Кајмакоски, бил пресретнат во реонот на Бетон Хала по завршување на настап. Повеќе српски медиуми утринавата пишуват дека на Кајмакоски му бил побаран поткуп од 20.000 евра, откако бил на кратко лишен од слобода, врзан и му го одзеле возилото. Овие тврдења сè уште не се официјално потврдени.

Белград бил разбуден од вознемирувачка безбедносна драма поврзана со настан кој предизвикал тивка мобилизација на полициските служби и бран шпекулации во јавноста.

Изворите наведуваат дека инцидентот се случил во доцните ноќни часови, кога пејачот се упатил кон својот автомобил. Според истите извори, двајца непознати мажи употребиле закана и физичка сила. Дел од медиумите тврдат дека било користено и ладно оружје, по што Кајмакоски бил присилен да влезе во возилото.

Српски Мондо сподели снимка од каналот 192.рс на Инстаграм тврдејќи дека се работи за снимка од киднапирањето. Написите на Мондо не се официјално потврдени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

„Додека киднаперите се обидувале да ја напуштат улицата Караѓорѓева и да се упатат кон Бранковски мост, наишле на патрола од оперативци на сообраќајната полиција кои извршувале редовни активности. Полицајците се обиделе да го запрат белото ‘Волво’, возилото забавило за момент, а потоа возачот-киднапер одеднаш притиснал на гас. Следело морничаво бегство низ срцето на Белград: преку Бранковски мост, покрај Палатата на Србија и Белградската арена, каде што ‘волвото’ со заложникот свртило на автопатот во правец на Шид, обидувајќи се да стигне до границата“, шпекулира медиумот.

Наводно, возилото се движело кон правецот на Рума. При обид на сообраќајната полиција да го запре автомобилот, осомничените избегале.

Според достапните информации, Даниел Кајмакоски е пуштен на слобода и неговиот живот не е во опасност.

Постојат шпекулации дека осомничените се странски државјани, но оваа информација останува во доменот на непотврдени индиции. Српското Министерство за внатрешни работи досега не излезе со официјално соопштение што би ги потврдило или демантирало деталите.

Пејачот уште не се огласил во врска со наводите.

Кајмакоски, кој во последните години ретко се појавува во јавноста и се посвети на семејниот живот, регионалната слава ја стекна со победата во „X Factor“ во 2014 година и настапот на Евровизија во 2015 година.

Кајмакоски стана регионално познат со својот триумф во шоуто „X Factor“, каде што негов ментор бил Жељко Јоксимовиќ. Двајцата подоцна снимиле дуетска песна „Скопје-Београд“, која станала голем хит.

Следната година, 2015 година, Даниел ја претставуваше Македонија на Евровизија во Виена со песната „Lisja esenski“, откако победи на националниот избор, но не успеал да стигне до финалето.

Кајмакоски во последно време се повлече од јавниот живот за да се посвети на семејството. Со сопругата Марина неодамна ја доби ќерката Емилија.

Претходно беше во брак со убавицата и модел Кристина Димитријевска, која е 13 години помлада од него, со која имаше бурно раскинување.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy