
Драма во Автокоманда со среќен крај за Алкалоид (ФОТО)
Тиквеш се прикажа во одлично издание, речиси цело прво полувреме беше во водство, а највисокото изнесуваше четири гола (12-8). Тоа беше аларм за Алкалоид кој со серија од 6-0 се избори за предност од 14-12 на полувреме.
Сепак, драмата продолжи и во вториот дел, во 46. минута кавадарчани се доближија на 19-20, а нешто подоцна и израмнија на 23-23. Во исклучително неизвесниот финиш, герој на Алкалоид беше голманот Трајковски кој при водство на неговиот тим од 26-25, ја оствари својата 11. одбрана и го донесе вицешампионот до триумф.
Серафимов беше прв стрелец на натпреварот со осум гола, а седум постигна Митев. Во тимот на Тиквеш, Обина, Манасков и Симиќ по шест пати се запишаа во листата на стрелците.