
ДРАМА НА НЕБОТО НАД КРУШЕВО: Параглајдерка од Полска изгубила контрола и паднала!
На 18.08.2023 во 14.30 часот во Полициската станица Крушево било пријавено дека во атарот на с.Бироно, крушевско, П.Х.Б.(39) од Полска, управувајќи параглајдер изгубила контрола и паднала. Таа била пренесена во приватна болница во Скопје за укажување лекарска помош. Увид бил извршен.