
ДРАМА НА МАТКА: Карпа се урна на пешачката патека, само секунди ги делеа посетителите од трагедија
Огромна карпа се урна на една од најфреквентните пешачки патеки во Кањон Матка, во инцидент кој за малку ќе завршеше со жртви. Видеоснимка го регистрираат застрашувачкиот момент на одронот, кој се случил на 7 јануари годинава.
На снимките јасно се гледа дека група посетители се наоѓале на критичното место само неколку секунди пред падот на карпата. Тие се оддалечиле едвај два до три метри за да продолжат со фотографирање на кањонот, целосно несвесни дека масивниот блок ќе се сруши точно на местото каде што стоеле претходно.
За среќа, во овој инцидент нема повредени лица, но материјалната штета на патеката и шокот кај присутните се евидентни.

