
ДРАМА НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ: Албанец уапсен за изнуда на „Блато“, „пасат“ се запали на „Ќафасан“
Полициските службеници на западните гранични премини вчера имаа полни раце работа. Додека на преминот „Блато“ е лишен од слобода странски државјанин баран за кривично дело, на „Ќафасан“ избегната е трагедија откако возило се запалило во колоната.
Според информациите од портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вчера попладне во 15:50 часот, на граничниот премин „Блато“ кај Дебар е уапсен 28-годишниот А.Г. од пограничниот албански град Булќиза.
Само половина час порано, во 15:20 часот, инцидент се случил и на граничниот премин „Ќафасан“. Патничко возило „фолксваген пасат“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот Ф.Ф. од Дебар, се запалило додека чекало во колона за влез во државата.
За среќа, во инцидентот нема повредени лица. Возилото веднаш било отстрането од колоната, а благодарение на брзата интервенција со противпожарен апарат, спречено е ширење на пожарот и поголема материјална штета.
