Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Драма кај Ерусалим: Шумските пожари излегоа од контрола, во тек е итна евакуација!
Македонија

Драма кај Ерусалим: Шумските пожари излегоа од контрола, во тек е итна евакуација!

30/04/2025

AA

Неколку стотици граѓани беа евакуирани од околината на Ерусалим откако шумските пожари во областа излегоа од контрола и се движеа кон населбите. Израел побара меѓународна помош за да го ограничи огнениот елемент, кој троши се што ќе му се најде на патот.

Министерот за надворешни работи Гидеон Сар побарал помош од своите колеги од Кипар, Хрватска, Италија и Грција за да помогнат во гаснењето на пожарот, соопштија од неговиот кабинет. Засега не е познато дали добил одговор.

Масивните пожари започнаа во ридовите Јудеа, во близина на шумите Ештаол и Латруна, и брзо се проширија на повеќе локации, вклучувајќи ги Неве Шалом, Месилат Сион, Нахшон, Таоз и Беко’а. Пожарот се засили поради високите температури и силниот ветер, што доведе до евакуација на бројни заедници и затворање на главниот автопат меѓу Ерусалим и Тел Авив.

Над 110 противпожарни единици, поддржани од 10 противпожарни авиони, хеликоптери и специјализирани возила беа распоредени за гаснење на пожарот. Во евакуацијата и гаснењето пожари помагаат и израелските одбранбени сили (ИДФ) и противпожарните возила на воздухопловните сили.

Девет лица се спасени од автомобили заробени во густ чад на автопатот, а неколку лица побарале лекарска помош поради вдишување чад.

Надлежните будно ја следат ситуацијата и ги повикуваат граѓаните да се информираат исклучиво преку официјални канали и да ги почитуваат наредбите за евакуација и безбедносните упатства.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ СУМ СОПСТВЕНИК И НЕМАМ ВРСКА СО ФИРМАТА ШТО ЈА

07/12/2025
Македонија

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не сме барале да се

07/12/2025
Македонија

КОЧАНЧАНКА ПОВЕРУВАЛА ДЕКА Е ВРЗАНА СО МАГИЈА, ПА ОСТАНАЛА БЕЗ

07/12/2025
Македонија

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија

07/12/2025
Македонија

Вработен во Затвор Скопје при вршење обиколка, затекнал две лица

07/12/2025
Македонија

И дошле во двор и и кажале дека и е

07/12/2025
Македонија

🎥 ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ БЕГАЛСКИ КАМПОВИ Милошоски

07/12/2025
Македонија

Пред Поликлиника Ченто пронајден починат маж!

07/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38608
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy